Search

Адетокумбо го поведе Милвоки до водство од 2:1 над Орландо

Кошаркарите на Милвоки Бакс поведоа со 2:1 во првото коло од плеј-офот во НБА лигата против Орландо Меџик.Вечерва во првиот меч од плеј-оф програмата, Милвоки славеше со 121:107 во меч во кој доминација покажа најдобриот кошаркар на Бакс, Јанис Адетокумбо.

Гркот доминираше во првата четвртина и имаше 14 поени, со шут од играта 6/6. Бакс имаа +8 по првите 12 минути, а во втората четвртина додадоа уште повеќе гас. Ја добија тората четвртина со 39:20 и заминаа на одмор со +27.

Потоа се беше јасно. Орландо постигна 34 поени во третата четвртина, но одбраната не беше на ниво, па успеаја да го намалат јазот на 22 поени. Добро ја отворија и последната четвртина и дојдоа на минус 12.

Во финишит Милвоки успеа рутински да ја задржи разликата и да победи. Адетокумбо средбата ја финишираше со 35 поени, 11 скокови, 7 асистенции, 2 украдени топки и еден блок. Мидлтон имаше 17 поени, а Лопез 16.

https://youtu.be/8IrIdLeII5c

Треба да знаете
Последни објави