Search

Турски воени авиони пак нападнаа цели во северен Ирак

Турски воени авиони извршија низа воздушни напади врз цели во северен Ирак, јави теливизија Скај њуз Арабија.

Според телевизијата нападите се извршени во покраината Дохук во ирачки Курдистан, но не наведе повеќе детали.

Анкара се уште не ги коментираше медиумските наводи.

Ирачката телевизија Рудав во средата објави дека турски воени авиони извршиле два напади врз населби што се наоѓаат во пограничата зона.

Пред една недела турски беспилотен авион нападна конвој на ирачки граничари североисточно од Ербил, главниот град на ирачката Курдистанска автономна област. Анкара тогаш тврдеше дека нападот е по грешка. При нападот загинаа 16 луѓе, петмина ирачки граничари, вклучително и двајца високи офицери и 11 членови на Курдиска работничка партија.

По нападот првиот претседател на ирачкиот Парламент, Хасан ал-Каби го повика Советот за безбедност на Обединети нации да ја запре Турција, а шефот на ирачката дипломатија ги откажа сите посети на турските претставници и врачи протестна нота до турскиот амбасадор.

Треба да знаете
Последни објави