Search

 Пендаровски со Началникот на Вооружените сили на Холандија

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Вила Билјана во Охрид го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роберт Бауер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за процесите на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни операции и вежби, како и нејзиниот придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот и со мигрантската криза.

Соговорниците разменија мислења за  соработката меѓу Северна Македонија и Холандија, при што констатираа дека членството во НАТО отвара нови можности за интензивирањето на воената и одбранбената соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ги зајакнува односите со Холандија и во таа насока се заблагодари за долгогодишната отворена поддршка во помагање на македонското општество во реформите потребни за успешно заокружување на членството во НАТО и за преговорите за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави