Search

Ласкоска: Статуси за поддршка на Мицкоски веднаш

“Искочете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на Унија на жени. Веднаш„ порачала претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, во телеграм комуникацијата испратена до сите претседателки на Општински комитети.

На оваа порака, се надоврзува Лилјана Затуровска, генерална секретарка на Унијата на жени на партијата, која напишала: „Давам и овде и јавно тоа го направив безрезервна поддршка за нашиот легитимно избран претседател и раководството на партијата“.

Претходно одговорност и оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим, побара поранешната пратеничка, Весна Дамческа-Илиевска, која беше придружувана од актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Мицкоски мора да сноси одговорност бидејќи паријата изгубила локални, претседателски, а сега и парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави