(Видео) Регионалниот такси-превозник „Камео“ почна со превоз на патници во Скопје

На големиот паркинг на средно Водно, преку официјално претставување на својот возен парк на свечен настан, со присуство на претставници на град Скопје, претставници на медиумите, компании соработници, гости и граѓани на Скопје, „Камео“ го промовираше своето започнување со работа.

Со обраќање на извршниот директор на „Камео груп Македонија“, Стефан Николиќ, кој верува дека „Камео“ ќе донесе нова димензија и нов квалитет во такси-превозот во Скопје, денеска се отвори едно ново поглавје од приказната на „Камео“ групацијата во Скопје.

Николиќ ги повикува сите граѓани на Скопје и нивните гости да нарачаат услуга преку бројот 15 777 или апликација „Камео“, а  тимот „Камео“ ќе направи сè  да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. Притоа, порача дека со огромна чест и задоволство започнуваат со работа и со нетрпение очекуваат да се запознаат со граѓаните на Скопје, при што од денес „Камео“ го вози цело Скопје 3 дена гратис, а понатаму ќе има многу изненадувања и поволности за патниците на „Камео“.

„Камео такси“  доаѓа со флота од нови возила со метан како погонско гориво, коешто е еколошки најприфатливо гориво, со најмала емисија на загадување и како такво се смета за „зелено гориво“, со што, „Камео“ е првото еколошко – „зелено такси“ на улиците на Скопје.

„Камео“ се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твој правец‘‘, при што нуди такси-превоз 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Од компанијата велат дека вработуваат возачи со почетна загарантирана нето-плата од 400 евра и бонуси за остварувања. Гарантираат дека инвестираат во нивната едукација и лиценцираност, при што преку сопствената академија „Камео“  креираат професионалци подготвени за давање најдобра услуга на патниците.

Во услови на Ковид-19 вирусната пандемија, сите  возила на „Камео“ на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и миење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на патници и возачи е највисок.

Групацијата „Камео“ работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, брои речиси 1.500 вработени и 1.000 автомобили со коишто годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и тоа со поминати приближно 50 милиони километри. Во последните 14 години е дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Чешка и Србија, при што се води од мислата дека такси-превозот мора да стане достапен како вода и прифатлив за сите – од студенти до пензионери.

Од денес „Камео“  e и дел од секојдневието на граѓаните на Скопје што за целата  групација „Камео“ претставува посебна чест и задоволство имајќи го предвид македонското потекло на сопственикот и директор на групацијата, Владимир Миновски, којшто е роден во Македонија.

„Камео“ нуди и широк спектар на услуги на пазарот, и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП-личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT-софтвер и познатата Taxi Navigator платформа, која ја користат повеќе од 13.000 такси возила во светот, од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

„Камео“ е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за своите клиенти.

„Камео“ покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови.

Треба да знаете
Последни објави