Search

Пол Пирс со остри критики кон Леброн

Легендата на Бостон Селтикс, Пол Пирс упати сериозни критики кон sвездата на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс.

Тој го коментираше поразот на Лејкерс против Портланд синоќа и рече дека ако Лејкерс бидат елиминирани во првото коло од плеј-офот, тогаш Џејмс веќе не треба да се вклучува во разговори за тоа кој е најголемиот кошаркар на сите времиња.

– Леброн нема време. Ако Лејкерс не ја освојат титулата оваа сезона, или уште повеќе ако загубат во првото коло, не сакам да го слушнам повеќе името на Џејмс во дискусиите за најголемите на сите времиња. Јас веќе ви реков дека тој не е дел од петте најголеми во историјата на играта, рече Пирс во шоуто „First Take”.

Треба да знаете
Последни објави