Search

Полицијата спаси избеган пингвин, кој се прошета низ англиско село

Полицијата во Нотингемшир, Велика Британија, фатила Хумболтов пингвин, кој избегал од блиската фарма и лутал низ селото Стрели.

Полициските службеници биле на рутинска патрола кога во раните утрински часови забележале пингвин како шета на улиците на Стрели, јавува Би-би-си, пренесува „Танјуг“.

Птицата наречена По-По избегала од фармата и преминала пат од речиси еден километар.

Пингвинот му бил вратен на сопственикот, а полицискиот службеник Герет Филип изјавил дека По-По бил многу пријателски расположен и дека позирал за да се фотографира.

Хумболтовите пингвини ја населуваат Јужна Америка, а името го добиле по морската струја во која пливаат, именувана според прускиот истражувач Александер фон Хумболт.

Иако не се загрозени видови, тие се класифицирани како чувствителни, што значи дека се изложени на ризик да станат загрозени.

Треба да знаете
Последни објави