Search

Новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција

Новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција.

Единствениот и најголем именител на коалицирањето се криминалот и лагата. Ќе потсетиме дека Заев за ДУИ пред изборите рече дека 5 пари не вредат, а ДУИ за СДСМ рече дека се криминалци.

Значи државата ќе добие влада која 5 пари не вреди и која е криминална. Што се однесува до укинувањето на Пржинската влада и премиер Албанец, самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада.

Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата. Оние кои 4 месеци на оглас откриваат кој ја гради дивоградбата во Мавровка која никне пред очите на целата јавност сега ќе управуваат со буџетот на сите, ќе ја злоупотребуваат и крадат иднината на сите. Ваква крими коалиција е новото цунами во државата.

Што се однесува до ветувањето за испитување на потекло на имот, тоа е предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година. Кога тоа беше предложено од претседателот Мицкоски, Заев тогаш рече дека можело да се испитува потеклото на имот и со постојните закони   Сега тој брза со ова решение за да тој го води процесот на испитување и да го сокрие сомнителниот и криминален имот на сопственото семејство.

Еве да ја кажеме целта на тој закон кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи во првата прилика во Собрание, тој закон треба да се носи за Зоран Заев и криминалната дружина и таквите како нив кои преку ноќ се обогатија на грбот на народот.

Оваа крими коалиција е со времен рок на траење, и за еднократна употреба.

Треба да знаете
Последни објави