Search

Судење на елитниот белградски макро: Девојките заработувале до 10.000 евра месечно, но го почитувале правилото три „не“

Во Вишиот суд во Белград минатата недела, по неколкумесечна пауза поради пандемијата на коронавирус, продолжи судењето кое предизвикува голем јавен интерес не само во Србија, туку и во соседните земји. На обвинителната клупа е Михајло Максимовиќ, човек кого српските медиуми го нарекуваат „естрадниот макро“, „елитниот макро“, „ВИП макро“, „подведувач на славние“…

Обвинението ги товари него и неговиот брат Душан Миленковиќ за учество во договарање и организирање интимни односи меѓу девојките кои работеле за нив и нивните клиенти на различни локации од ноември 2015 до јануари 2019 година.

Во обвинението, поднесено во август минатата година, се тврди дека Максимовиќ организирал професионално фотографирање на жртвите за презентација на нивните фотографии пред клиенти, договорал време, место и сума на пари за сексуални услуги, организирал превоз на девојките до клиентите и назад, како и дека од нив земал 30 отсто од заработката. Интересот за случајот произлегува од фактот дека многу нивни клиенти се, наводно, почитувани и богати луѓе, од спортисти преку лица од естрадата до политичари, а меѓу сексуалните работнички се старлети, sвезди на различни реални шоуа, стилистки, модели ..

Судењето беше затворено за јавноста поради кризата со корона, а Максимовиќ продолжи со изнесување на одбраната.

Според весникот Курир, тој признал дека ги подведувал девојките,  но не и трговијата со луѓе. Во своето излагање објаснил дека бизнисот што го водел го изградил по углед на големите компании и дека секоја девојка била запознаена со деловните правила пред да почнат да работат за него. Тој рече дека, иако не бил светец затоа што тој заработувал преку посредувањето во проституција, сите девојки работеле за него затоа што сакале. Тие можеле кога сакаат да ја напуштат работата, со која заработувале и до 10.000 евра месечно. Никогаш не регрутирал или присилувал никого во проституција.

Колку што е познато во моментов, три од вкупно 15 до 20 жени кои работеле за Максимовиќ имаат статус на „особено чуствителни сведоци“. Српските медиуми наведуваат неколку имиња, како што се старлетата Милица Живановиќ или Мими Оро, реалити ѕвездите Сања Станковиќ и Анабела Шчекиќ ака Тигрица, старлетата Наташа Савија и  Плејбој зајачицата, Божана Вујиновиќ. Во некои приказни се споменува и Сораја Вучелиќ, старлета, која стана позната на широката јавност во 2011 година, кога учествуваше во регионалното шоу „Големиот брат“.

Сведокот, кого сите медиуми го нарекуваат „стилист“ пред судот изјави дека Михајло имал строги правила на однесување за девојчиња.
– Тој имаше три правила, познатите три „не“: никогаш не лажете го Михајло, никогаш не кажувајте им на клиентите за другите клиенти и никогаш не зборувајте за девојките кои работат, рекла таа.

Истиот сведок рече и дека заработувала околу 10 000 евра месечно, но Максимовиќ ја принудила да „вгради силикони“ за да заработи повеќе.

Според некои портали, Максимовиќ дури имал записи за менструалниот циклус на девојките. Дел од нивната секојдневна рутина било вежбањето, соодветна исхрана и шопинг, затоа што тие морале да бидат луксузно облечени и секогаш во тренд.

-Исто така, воведов задолжителни гинеколошки прегледи еднаш месечно во реномирана ординаација, но тие не им кажуваа на своите гинеколози што е нивната работа, рекол Максимовиќ.

Тој исто така рекол дека ги испраќал девојките кај психотерапевт затоа што сметал дека работата што ја вршат е тешка.

Оние што не ги почитувале неговите правила биле казнувани – финансиски. Така, на пример, тие би можеле да одбијат клиент, но тогаш требало да платат за она што би го заработиле ако биле со него.

Треба да знаете
Последни објави