Search

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтер беше регистриран во Грција, јужно од островот Идра, кусо пред 10.30 часот по локално време според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел, 53 километри југоисточно од островот Идра, на над 100 километри од Атина, но беше почувствуван и во грчкиот главен град.

Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави