Search

Златев: ДУИ со 15 пратеници ја поседува целата држава, Муслиу: Чим има преговори има уценување

СДСМ се блиску за формирање на влада со ДУИ, колку ќе бара Ахмети, з колку може да даде Заев?

=-Мислам дека СДСМ и ДУИ дефинитивно ќе се договара, бидејќи и на двете партии им зависи да се формира оваа коалиција. Форматот ќе биде 3 плус 1. Ова за мене и за секој кој има елементарни познавања од уставно право и политички поредок знае дека е силување на законите и донесување одлуки кои немаат ни правна основа, ни ја одразуваат волјата на граѓаните. Не сме во ситуација во која ДУИ со 15 пратеници ја поседува целата држава. Ако не биде 3 плус 1 ДУИ ќе ги има финансии и тоа ќе значи дека сме го оставиле волкот да го чува стадото, ако знаеме како функционира ДУИ последниве 20 години кога и да е на власт, рече новинарот Љупчо Златев во „Само вистина“.

Прочитајте и…  Трамп вели дека ќе го разгледа помилувањето на Едвард Сноуден

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, решението нема да биде со формулата 3 плус 1.

-Мене ми е битно која ќе биде структурата на Владата, не верувам дека ќе се оди на формули 3 плус 1 и да се оди нема тука ништо неуставно. Уставноста на премиерот ја одредува бројката 61. Не верувам дека тоа ќе биде решението. Премиер може да изберат кого сакаат и трето партиите во два случаи во 94 и 2011 или 2012 година немаа преговори. Чим има преговори има уценување. Мислам дека двете страни беа заинтересирани, бидејќи на избори излегле да добијат власт. Тој факт ги тера да се договараат и верувам дека веќе се договориле. Во целото наше опкружување сме имале премиери од помали партии, кај нас драмата е бидејќи ДУИ промовираше премиер-Албанец, рече Муслиу.

Треба да знаете
Последни објави