Search

Борисов се плаши да не заврши како Груевски

Бојко Борисов изгледаше многу посимпатичен кога на двапати, арогантно, поднесуваше оставка. А сега? Сега се фатил за власта како давеник за сламка. Можеби затоа што има од што да се плаши.

Нема ништо поочајно од политичар кој се држи за власта како давеник за сламка. Со заби, нокти и контра-протести на протестите против неговото владеење. Борисов изгледаше многу посимпатичен кога на двапати арогантно поднесуваше оставка, уверен во нова изборна победа. „Луѓето ме враќаа“, велеше тој. А сега најави дека останува за да го зачува „демократскиот мир“. Всушност, се чини дека сака само да ја спаси својата кожа. Ветувајќи дури и реформа на судството. Дали е тоа затоа што се плаши од обвинителството и немањето гаранции за неговата постпремиерска неприкосновеност, како што сугерираше судијката Мирослава Тодорова? Според неа, „политичкиот систем, кој го произведе обвинителството какво што е, и  главниот обвинител каков што е – без јасни механизми за одговорност и отчетност, почнува да се плаши од главната алатка што ја користеше во одредени ситуации за политички цели.”Задкулисно заложништво

Лидерот на „Да, Бугарија“, Христо Иванов, неколку пати предупреди дека Борисов е заложник на задкулисноста. И затоа се плаши да ја пушти власта, затоа што знае дека ќе стане „плен на неговите поранешни пријатели“. Ако тоа се случи, барем на прв поглед ќе биде разнишан митот за недопирливите политичари во Бугарија, кои никој не ги задева откако ќе се симнат од власт. А, дури и ако ги „задеваат“, тие завршуваат со ослободување или прекин на случаите.
Ова е токму она што се случи со премиерот на тројната коалиција, Сергеј Станишев, кој беше обвинет во 2009 година за седум изгубени тајни извештаи. Трипартитната коалиција имаше многу поголеми престапи, но не се соочи со никакви последици и покрај заканата на Борисов пред изборите во 2009 година дека: „Ќе ги однесам Станишев и Доган во затвор“.

Bulgarien Proteste gegen die Regierung in Sofia (BGNES )Антивладини протести во Софија

Целиот текст прочитајте го тука

Треба да знаете
Последни објави