Search

Барселона официјално го смени тренерот по дебаклот од Баерн Минхен

Беше јасно дека Кике Сетиен нема да биде тренер на Барса повеќе, но сега е и официјално. Барселона пред неколку часа му врачи отказ на Сетиен, и ќе бара нов предводник за следната сезона.

Сетиен е сменет по дебаклот од Баерн Минхен во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Каталонците го загубија натпреварот со 2:8.

За негов наследник се споменува поранешниот играч и тренер на „Каталонците“ Роналд Куман. Тој наводно денеска бил на разговори и ќе потпише тригодишен договор.

Треба да знаете
Последни објави