Перо Антиќ во тимовите на деценијата на Олимпијакос и Црвена звезда (ВИДЕО)

Фановите на Евролигата го имаа своето мислење и го избраа најдоброто од Црвена звезда во последните 10 години.

После три недели гласање навивачите на Црвена звезда ги дадоа своите гласови и на тој начин е познат тимот на деценијата во периодот од 2010-2020 година.

Уште едно признание за поранешниот македонски репрезентативец и сегашен претседател на нашата кошаркарска федерација, Перо Антиќ кој претходно се најде и во тимот на деценијата на грчкиот гигант Олимпијакос.

Антиќ освои 45.48% гласови, а во изборот на „црвено-белите“ се наоѓаат уште: Бобан Марјановиќ, Стефан Јовиќ, Никола Калиниќ, Марко Гудуриќ, Чарлс Џенкинс, Марко Симоновиќ, Квинси Милер, Мајк Зирбес и Василије Мициќ.

Во летото 2005 година дојде во Црвена звезда, одигра две сезони, го освои националниот куп во 2006 година и за 94 натпревари постигна 862 поени. Во наредната сезона имаше уште подобри партии, иако недостасуваа трофеите. Во регионалната лига имаше просек од 10,7 поени и 5,2 скока во 24 натпревари, а во УЛЕБ купот 10,1 поени и 4,9 скокови.

Треба да знаете
Последни објави