Трамп вети дека ќе го преразгледа помилувањето на Сноуден

Претседателот на САД Доналд Трамп на прес-конференција изјави дека „внимателно ќе го разгледа” можното помилување на Едвард Сноуден, поранешен американски разузнавач, кој во 2013 година откри дека владата на САД ги шпионира своите граѓани.

Сноуден, кој по објавувањето на документите живее во егзил во Русија, рече дека би сакал да се врати во Соединетите американски држави – но само ако добие фер судење.

– Многу луѓе мислат дека треба да се однесувам кон него поинаку, а други луѓе мислат дека тој направил многу лоши работи, рече претседателот и додаде: „Ова ќе го разгледам многу сериозно”.

Оваа изјава е во спротивност со она што го кажа американскиот претседател за време на неговата изборна кампања во 2016 година, кога Трамп рече за Сноуден: Мислам дека тој е тотален предавник и јас грубо би се справил со него.

Треба да знаете
Последни објави