Запалено „БМВ“ во Бутел

На 16.08.2020 околу 02.30 часот на улица Иван Манолев во Скопје, додека вршеле мотопатролна дејност, полициски службеници забележале дека настанал пожар во  патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост Е.Д. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави