(Видео) Судир на Зарко и Морбидели, Роси за влакно „спаси глава“, Довициозо победник во Австрија

Мото ГП трката во Австрија ќе остане запаметена по страшниот судир на Жоан Зарко и Франко Морбидели и инцидент во кој можеа да настрадаат и други учесници.

Судирот се случи во осмиот круг, а среќа имаа пред се Валентино Роси и Маверик Вињалес кои можеа да настрадаат од „летечките моторцикли“ и нивните делови.

Најдобрата вест е што нема сериозно повредени, а ова се однесува и на Зарко и Морбидели кои ја напуштија патеката без поголеми последици.

Трката беше прекината ,а по нејзиното продолжение најбрз беше Андреа Довициозо кој стигна до прва победа сезонава со Дукати, а на победничкиот подиум се најдоа и Жоан Мир и Џек Милер.

Биндер повторно оствари добар резултат освојувајќи го четвртото место, а во првата десетка се најдоа и Роси, Накагами, Петручи, Квартараро, Лекуона и Вињалес.

https://twitter.com/f1cult/status/1294972235032285184?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1294972235032285184%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fmoto-gp-horor-sudir-na-zarko-i-morbideli-pobeda-za-doviciozo-video%2F

Треба да знаете
Последни објави