Трагедија: Загина редар на ридско-брзинска трка во Пробиштип

Кастм кар рејсинг тим на својот Фејсбук профил информираше дека денеска на ридско -брзинската трка во Пробиштип загина едно лице, кое било прегазено од автомобил на целната рамнина. Тие ја обвинија АФМ за трагедијата.

Како што дознава 24Инфо, настраданиот бил редар на трката, а по ударот од автомобилот паднал во бездна. Тој починал на пат кон болницата. Oд МВР засега нема детли за несреќата.

„Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва ! На крајно небезбедна патека без банкини која незнаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата. Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб и Кристина Станојковска. Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб, велат од клубот.

https://www.facebook.com/Customcarracingteam/photos/a.272133403133661/1233975236949468/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARD01d0Vh_4XsscEdgoO_Tr961g8uYHf9ETGKCAAy8WDiHps0v7BW1BaW_S3ObzS20HmyG1S5InCYNWnPFaVnB_hRxu-wfQsQAo6PYYDIulUUzS11wnJZrALpsvuErONXXKNdfwLD3d70d-hNcWoTFmXqx_IGRIi1ML6shCUZ0s23_0jC8Z114ySXTxmVyC8TlHPr6AQLJgAxaOyYJCOAS7Z42ODGB5L2B83gKdJzFwKUY9zadg2SBHwOV7JYQmC3tZjgBzB0wg6qQraTcTyztQV_IJwfWCuLTGqtGi65bYPMJ3T9fFOq4ox3njie63qmPO4GagTSO0iqeFTe8r5H4lGjw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави