По Дивац, и Стојаковиќ замина од Сакраменто

Ден откако Владе Дивац доби отказ на должноста генерален менаџер на НБА лигашот Сакраменто, тоа го направи и неговиот помошник и сонародник Предраг Стојаковиќ.

Тој имаше извршни функции во Сакраменто од 2015 годимна, а беше помошник на последните двајца генерални клупски менаџери.

Сакраменто сезоната ја заврши без пласман во плеј офот, со што тимот остана надвор од доигрувањето за титулата 14 сезона по ред, а најголем грев на Дивац му е „утката“ со неизборот на Лука Дончиќ, кој наместо во „Кингси“, заврши во Далас.

Треба да знаете
Последни објави