Двајца Турци и Кипранец фатени со марихуана на Водно, скопјанец со екстази на Бит Пазар

На 15.08.2020 во 20.20 часот на Средно Водно во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.О. и М.Ф., двајцата од Р.Турција, како и М.Т. од Кипар, затоа што во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР информираат и дека во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени таблетки со жолта боја и втиснато лого.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави