Во Словенија 15 новозаразени со коронавирусот

Во Словенија последните 24 часа се потврдени нови 15 случаи на коронавирусот со спроведени 382 тестови, објави во неделата словенечката влада.

Во текот на изминатава седмица беа бележени по околу 30-ина новозаразени дневно, па не станува збор за голем дневен раст на потврдените зарази, но тоа е вообичаено во текот на викендите кога бројот на тестирањата е два до трипати помал од претходните денови.

Седум нови сличаи на коронаинфекцијата се забележани во Љубљана, два во Тржич, а по еден случај во општините Копер, Жири, Водице, Трбовље, Цеље и Шмарје прио Јелшах.

Во словенечките болници во моментов има 17 пациенти кои се лекуваат од Covid-19, од кои четворица се на интензивна нега, а во саботата е отпушетно едно оздравено лице.

Седум од последните потврдени случаи се однесуваат на лица помлади од 24 години, а уште три се во старосната група од 24 до 44 години, со што продолжува трендот на повеќе новозаразени меѓу младите.

Од 236 во моментов активни случаи на заразата, 129 се лица помлади од 35 години. На лицата повозрасни од 55 години отпаѓаат 50 активни слуичаи, додека на почетокот од епидемијата најмногу заболени но и смртни исходи имаше токму меѓу постарите.

Треба да знаете
Последни објави