Познат идентитетот на починатиот член на АФМ кој загина на трката во Пробиштип

Кире Андреевски-Кирца (62), долгогодишен автомобилистички судија е организаторот на ридско-брзинската трка во Пробиштип кој загина за време на трката.

Учесник во трката, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам, пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил Андреевски.

Тој починал на пат кон болницата.

-Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството на членот на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски-Кирца и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат, рече градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Треба да знаете
Последни објави