Минимална победа на Бутел против Прилеп за 5. место на турнирот во Струга

Составот на Бутел Скопје дојде до победа од 25:23 во натпреварот за 5. позиција на Струшкиот турнир откако денеска го совлада Прилеп, но во средба во која прилепчани беа сосема добар ривал и на моменти рамноправен противник.

Бутел заслужено стигна до триумфот, со подобра игра во второто полувреме кога беше создадена разликата од два гола. Првото полувреме заврши без предност за ниту една од екипите.

Во натпреварот за 3. место ќе се соочат Металург и Охрид, додека во финалето од 21:15 часот ќе играат Вардар и Е. Пелистер.

Фото: Дриблинг.мк

Треба да знаете
Последни објави