Истече рокот за пазарење со домашна платежна картичка

Граѓаните од денес веќе нема да можат да пазарат со домашна платежна картичка, а неискористените средства ќе бидат вратени во државната каса.

Банките испратиле последна информација до Министерството за финансии заклучно со претходната недела, на која може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните кои ги добија. Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка.

За домашна платежна картичка беа вклучени четири категории, социјално загрозени, вработени со ниски примања, млади лица и здравствени работници ангажирани за справување со пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави