Search

Работнички со прв триумф, Беласица поразена на ,,Градски”

Попладнево на националната арена Тодор Проески, Работнички лесно се справи со повратникот во ПМФЛ струмичка Беласица и издвои победа со 2-0.

Напаѓачот Фахрудин Ѓурѓевиќ стрелаше двапати, еднаш во првиот и еднаш на стартот на вториот дел. Во првиот дел тој ја искористи грешката на гостинската одбрана, додека во вториот беше највисок во скокот по еден корнер на Стојкоски.

Работнички во новата сезона има поголеми амбиции во однос на лани и сака да се врати во еврокуповите, место кое го пропушти оваа и претходната година.

Треба да знаете
Последни објави