Search

Вардар преку Бутел си закажа финале на струшкиот турнир

Вардар 1961 е вториот финалист на меѓународниот турнир во Струга, во последниот меч од групната фаза беше подобар од Бутел Скопје со 25-17 (14-11). Во финалето ќе игра против Е.Пелистер, кој исто така има скор од три победи во исто толку одиграни натпревари.

Двата тима влегоа скромно на дуелот, со оглед на обврските кои чекаат во скоро време, не видовме експлозивност. Во првите 14 минути паднаа само седум гола, Вардар 1961 имаше водство од 4-3, четири минути подоцна актуелниот европски првак зголеми на 7-4. На пет минути до крајот „црвено-црните“ поведоа со 11-7, а потоа со 14-10, на одморот беше 14-11.

Бутел Скопје добро тргна, намали на 16-15, го искористи исклучувањето на Јагуриновски, но потоа застана. Вардар 1961 со серија од 5-0 зголеми на 21-15 во 49. минута, на другата страна Бутел дури по 12. минути успеа да постигне гол. Тука беше крајот на оваа средба.

Тимур Дибиров имаше четири погодоци, по три гола постигнаа Талески и Чупиќ.

Утре во 10 часот ќе се одигра првиот меч за конечен пласман, Струга и Е.Пелистер 2 ќе го одмерат силите за седмото место. Во 17:15 часот Прилеп ќе игра против Бутел Скопје за петата позиција, 19:15 часот ќе се сретнат Металург и Охрид во меч за третото место, додека финалето меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер е закажано за 21:15 часот.

Треба да знаете
Последни објави