Формирани двојките за првото коло од НБА плејофот на Истокот

По одигрувањето на синоќешните натпревари, утврдени се сите парови од првото коло од плеј-офот во НБА-лигата во Источната конференција.

За потсетување, по паузата поради пандемијата, редовната сезона во НБА лигата продолжи на 31 јули, а сите натпревари се одржуваат во спортски комплекс во Орландо.

Двојките за 1. коло во плејофот на Источната конференција се:

Милвоки (1) – Орландо (8)
Торонто (2) – Бруклин (7)
Бостон (3) – Филаделфија (6)
Мајами (4) – Индијана (5).

Првите натпревари се закажани за 17 август.

Треба да знаете
Последни објави