Унгарија купува ракети од САД за милијарда долари

Унгарија планира да купи ракети за противвоздушна одбрана од САД за околу милијарда долари. Американската амбасада во Будимпешта го опиша договорот како „најголема унгарска набавка во одбраната од САД до денес“. Министерството за одбрана на Унгарија, членка на НАТО, соопшти дека договорот вклучува набавка на ракети воздух-воздух и земја-воздух.

Ланиунгарскиот премиер Виктор Орбан ги откри плановите на владата за набавка на американско оружје и додаде дека во тек е изградба на модерна унгарска армија. Владата на Орбан ги зголемува годишните трошоци за одбрана од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави