Клиперси подобри од Нагетс, Филаделфија загуби од Торонто

Актуелниот шампион Торонто славеше во дербито против Филаделфија со 125:121 и остана на втората позиција на табелата на Истокот. Најдобри поединци во Торонто беа Кајл Лаури и Крис Буше со по 19 поени, додека кај Филаделфија се истакна Херис со 22 поени. Џоел Ембид имаше меч за заборав на кој постигна само пет поени, а „сиксерси“ беа ослабени поради неиграњето на Бен Симонс. Кај тимот од Канада цела стартна петорка запиша двоцифрен учинок на поени.

Оклахома со 116:115 славеше против Мајами во натпревар со доста возбудлива завршница. Базил во победата на Оклахома учествуваше со 21 поени, а во Мајами се истакна Тајлер Еро со 30 постигнати поени.

Директната битка за второто место на Западот им припадна на кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс кои во клучен натпревар беа подобри од Денвер Нагетс (111-124). Док Риверс излезе да се надигрува со сите ѕвезди, а Каваи Ленард и Пол Џорџ не разочараа. Беа најдобри стралци во тимот со 27, односно 26 поени. Нагетси имаа одлична предност, но дозволија да ја загубат и на крај убедливо да бидат поразени со очајна последна четвртина. Во неа постигнаа само 19 поени, а примија 34, што не им ветуваше позитивен резултат. За Денвер ова е четврти пораз во седум одиграни натпревари, додека Клиперс ја запишаа четвртата победа. Српскиот центар Никола Јокиќ дојде до „дабл-дабл“ со 17 поени, 13 асистенции и седум скока, со само една загубена топка.

Кошаркарите на Индијана го совладаа Хјустон во претпоследниот натпревар за двете екипи од регуларниот дел на НБА сезоната со 108-104. Дру Холидеј и Мајлс Тарнер беа најефикасни со по 18 поени, додека Виктор Оладипо додаде 16 поени, надополнети со шест скока и пет асистенции.

Во поразениот тим, Џејмс Харден беше најдобар со 45 поени, 17 скокови и девет асистенции, но сето тоа залудно по поразот на неговиот тим.

Треба да знаете
Последни објави