Албанец баран од Интерпол уапсен на Долно Блаце

На 12.08.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Л.А.(38) од Р.Албанија.

При извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол од Франција.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави