Металург по долго време ќе игра европски меч во Автокоманда

Првата средба од двомечот од првото квалификациско коло во Европската лига на ЕХФ меѓу екипите на Металург и на Спачва ќе се одигра во салата „Автокоманда“.

Од Металург соопштија дека дуелот од квалификацискиото коло во новото натпреварување на ЕХФ ќе се игра на 30 август, а истиот ќе започне од 19:00 часот и ќе се игра без присуство на публика, според сите протоколи.

Металург на својот противник му предложил двете средби да се одиграат во Скопје, но раководството на хрватскиот клуб го одби овој предлог.

Македонија има еден претставник директно во групите на Европската лига, тоа е Еурофарм Пелистер, додека Металиург и Бутел Скопје ги чекаат квалификации.

Треба да знаете
Последни објави