Search

Вучиќ: Прв ќе ја примам руската вакцина против корона

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека со радост ги слуша вестите дека Русите произвеле вакцина против корона вирусот.

Тој порача дека ќе биде првиот кој ќе ја прими вакцината за која српските стручњаци ќе му кажат дека е добра.

-Само, тоа мораат нашите стручни тимови да ни кажат дека е безбедна и сигурна. Што побргу имаме вакцина, тоа ќе биде спас за нашата економија, рече Вучиќ пред новинарите.

Треба да знаете
Последни објави