Search

Героски: Заев носи товар во овие преговори токму поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања

Во денешното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал5 гостуваше новинарот Бранко Героски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, преговорите за ново парламентарно мнозинство, како и на можните коалициони комбинаторики.

Геровски потенцираше дека Зоран Заев во предизборната кампања на неколку наврати зборуваше против Албанците во Македонија, односно водеше кампања со реторика преку која го напаѓаше ДУИ и му се закануваше со опозиција.

-Зоран Заев носи товар во овие преговори за ново парламентарно мнозинство, токму поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања. Многу пати и јавно му се закани на Али Ахмети дека нема да биде во Владата, односно дека следат години во опозиција за ДУИ, рече Героски.

Според него, дали Али Ахмети ќе помине преку тоа и дали албанскиот народ ќе ги заборави тие навреди, останува да покаже времето.

-Не би сакал да бидам тој што ќе го брани ДУИ, но да се сочиме со реалните факти. Во демократиите е правило победничката партија да го добие мандатот, но кај нас е е прв пат да е прекршено правилото.Заев стана премиер без да победи на изборите. Албанец премиер би било уникатна ситуација. Не е невообичаное да се има премиер од партија која не е победник на изборите, но тоа се решава со политички договор. Втора работа е што е тешко да кажеме дека ДУИ е партија која ја дестабилизирала Македонија, историјата го покажала обратното. Од трета страна, велиме ДУИ е виновен за недостиг на реформи, за криминал и корупција. Тие се сега во релативно комотна позиција да наметнуваат свое барање, а ако тоа е национаистички наратив, зошто тогаш победи на изборите? Ова е за Албанците битна тема. Прашањето е зошто да не биде Албанец премиер? Они излегоа со конкретен лик, кој не е партиски кадар, рече Героски.

Тој истакна дека иако СДСМ во неколку наврати соопшти дека е договорена нова коалиција, односно е обезбедено ново парламентарно мнозинство, сепак голем број факти говорат дека има потешкотии во договарањето, односно дека не оди се како подмачкано.

-Овој пат формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе оди тешко, односно до последен момент отворени ќе бидат сите комбинации, заврши Героски.

Треба да знаете
Последни објави