Search

Аџиите симболично ја каменуваа сатаната

Муслиманските аџии во Саудиска Арабија денеска учествуваат во симболичниот ритуал на каменување на сатаната, почитувајќи ја физичката дистанца.

Верниците облечени во бело и со маски за лице  фрлаа камења  врз огромен ѕид, кој ја симболизира сатаната.

Аџиите и во следните два дена ќе го каменуваат ѕидот пред да одат во Мека да се молат во Голема џамија.

Мека минатите години за време на муслимаснкиот празник Курбан бајрам беше посетата од околу три милиони верници, но годинава поради пандемиајта со Ковид-19 се собраа само неколку илјади аџии – Саудијци и странци кои живеат во Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави