Search

Умерен земјотрес регистриран на на јапонскиот полуостров Изу

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јапонскиот полуостров Изу, во источниот дел на островот Хоншу.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихи Океан, во реонот на ненаселениот остров Торишима, на околу 600 километри од Токио, на околу 60 километри под океанот.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.

Се уште нема информации за евентуалнио жртви и причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави