Search

Осуда од ЦИВИЛ за газдите кои земале државна помош, а не исплатиле плати

 ЦИВИЛ најостро ги осудува противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и – наместо да им дадат плати на своите вработени – тие ги задржале парите за себе. Тоа, велат од ЦИВИЛ, е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување кое мора веднаш да биде санкционирано.

-Финансиската поддршка од државата била за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, односно да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат врз грбот на работниците за време на најголемата здравствена, социјална и економска криза со која се соочува не само нашата земја, туку и целиот свет. Овој случај не смее да заврши во корист на моќниците, а на сметка на работниците кои, во голем број случаи, едвај врзуваат крај со крај, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.

Оттаму сметаат дека државата не смее да биде милостива кон газдите. Напротив, како што потенцираат, треба да покаже строгост и праведност, најостро да ги санкционира сите кои мислеа дека ќе успеат да „го измамат системот.

ЦИВИЛ ги повикува сите кои сметаат дека се оштетени или дискриминирани по  која било основа, да го пријават својот случај во организацијата.

Треба да знаете
Последни објави