Се чистат наносите од песок и кал од невремето во Струмица

Екипи на Одделението „Комунална хигиена” при ЈПКД „Комуланец” ги чистат наносите од песок и кал од невремето што ја зафати Струмица во саботата.

Од силниот дожд беа поплавени неколку улици во пониските делови на градот, а на други има остатоци од надојдената вода.

Од струмичкото комунално претпријатие информираат дека се прават напори што побрзо да се исчистат улиците кои беа зафатени од невремето.

Најавуваат и повторно чистење на отворените канали за прифат на атмосферските води за да се намалат штетите од некое ново невреме.

Треба да знаете
Последни објави