Румениге: УЕФА лошо ја заврши работата и затоа е укината казната на Манчестер сити

Претседателот на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн, Карл-Хајнц Румениге не се согласува со одлуката за укинување на казната за Манчестер сити која се однесуваше за неучество на европската сцена.

„Граѓаните” беа казнети со две години неиграње на евро сцената со парична глоба од 30 милиони евра за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП).

Судот за арбитража во спортот (КАС) делумно ја прифати жалбата на англискиот клуб и ја укина казната за неиграње на евро-сцената, а ја намали паричната казна на 10 милиони.

– Мислам дека донесената конечната одлука на КАС е резултат на лошо завршената работа на УЕФА. Тоа го слушнав од многумина. Сепак, им честитам на моите колеги од Манчестер сити. Мило за мојот пријател Гвардиола. Знам што значи учество во Лигата на шампионите за него, изјави Румениге.

Треба да знаете
Последни објави