Полицаец настрада во судир на автомобил и две комбиња кај Миладиновци

На 27.07.2020 во 06.44 часот на наплатна рампа „Миладиновци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу две комбиња „фолксваген транспортер“, едното управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, другото сопственост на МВР и управувано од полициски службеник, како и автомобил „опел“.

„Опелот“ бил со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, а го управувал непознато лице, кое по незгодата избегал.

Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави