Металург против Спачва, Бутел со Ѓенѓеш на стартот од квалификациите за Лига Европа

Македонските ракометни суперлигаши Металург и Бутел добија лесни противници за првото квалифиакциско коло од Лига Европа. Металург ќе игра против хрватскиот прволигаш Спачва, а  Бутел ќе се соочи со унгарскиот Ѓенѓеш. Ова е епилогот од денешната ждрепка која се одржа во Виена.
Металург е домаќин на првиот меч, додека Бутел ќе гостува на првата средба. Првите натпревари се играат на 29 или 30 септември, реваншите се седум дена подоцна.
Ако во двомечот македонските тимови бидат подобри ќе се пласираат во второто квалификациско коло кое е последно пред стартот на групната фаза каде директен пласман доби Еурофарм Пелистер.
Треба да знаете
Последни објави