Јувентус заинтересиран за Милик, Наполи за возврат го бара Бернардески

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Аркадиуш Милик може да се пресели во редовите на старо-новиот шампион Јувентус. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, клубовите сè уште не се согласиле на овој трансфер, но неаполитанците се заинтересирани за играчот од средниот ред на „старата дама”, Федерико Бернардески.

Доколку двата клуба најдат заеднички јазик, можно е размена на играчите и евентуална доплата.

Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Милик постигна 14 гола на 33 натпревари на сите турнири, додека 26-годишниот Бернардески постигна два гола и направи две асистенции на 35 средби.

Треба да знаете
Последни објави