Шпан бара задолжително тестирање на повратниците од одмор

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан најави дека најверојатно од следната недела ќе стапи во сила задолжително тестирање на граѓаните при враќањето од летните одмори.

Тој истакна дека тестирањето би требало да биде бесплатно.

– Тестирањето не смее никогаш да биде прашање на трошок за поединци, ниту социјално прашање, нагласи германскиот министер.

Шпан додаде дека задолжителното тестирање ќе важи за сите повратници од одмор од ризичните земји.

– Сепак станува збор за личните слободи, изјави Шпан, истакнувајќи дека мешањето во нив мора да биде добро оправдано.

Треба да знаете
Последни објави