Најдобриот пријател на Бред Пит ја уби својата сопруга

Трагичната вест го шокираше славниот холивудски актер Бред Пит.

Најдобриот пријател на славниот актер, 52-годишниот уметник Сем Флечер се самоуби, откако претходно изврши брутален чин, убивајќи ја и неговата сопруга.

Нивната ќерка сама го пријавила случајот во полиција, односно според тамошните информации, нејзиниот татко сам ја повикал за да признае што направил, а откако полицијата пристигнала во нивниот стан во Берлин, го затекнала безживотното тело на Сол Флечер.

Сем и Сол биле долги години во брак и сè уште не е позната причината што конкретно го предизвикало Сем да го изврши ова дело. По убиството, уметникот избегал со своето Порше, а бил пронајден следниот ден, на неговиот имот во околното село.

Сем Флечер беше еден од најдобрите пријатели на Бред Пит, при што тие двајца речиси секогаш беа забележани заедно на разни културни настани, филмски фестивали и изложби.

Треба да знаете
Последни објави