Дендиас со маска од ФК Панатинаикос ја пречека шефицата на шпанската дипломатија

Со маска од фудбалскиот клуб Панатинаикос, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ја пречека во грчкото МНР неговата колешка од Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.

Дендиас, се чини дека реши, обичната бела или црна маска, денеска да ја замени со маска со знакот и името на неговиот омилен фудбалски клуб Панатинаикос.

Па така пред зградата на Министерството за надворешни работи на Грција, ја пречека Лаја со маската од Панатинаикос, која ја носеше и на почеокот на тет-а-тет средбата со шефицата на шпанската дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави