Вилијан ќе го обнови договорот со Челси

Бразилскиот фудбалски интернационалец Вилијан ќе остане во редовите на англискиот премиерлигаш Челзи. Според „Sky Sports”, 31-годишниот играч ќе го обнови својот договор со лондонскиот клуб. Новиот договор ќе биде пресметан до 2022 година.

Вилијан има одиграно 47 натпревари во сите натпреаврувања оваа сезона, постигна 11 голови и направи девет асистенции.

За Бразилецот интерес покажуваше Арсенал, како и клубови од американската МЛС лига.

Треба да знаете
Последни објави