Вернер го одржа својот прв тренинг со Челзи

Новиот играч на Челси, Тимо Вернер ја одржа својата прва тренинг сесија со „сините”. Лондонскиот клуб го купи Германецот од Лајпциг.

– Прва тренинг сесија, прв пат во сино! – напиша Вернер на Твитер.

Дваесет и четиригодишниот германски репрезентативец веќе и официјално се приклучи на Челзи. Вернер има одиграно 45 настапи во сите натпреварувања за Лајпциг оваа сезона и постигна 33 гола.

Сепак, тој нема да му помогне на германскиот клуб во преостанатите натпревари од Лигата на шампионите, кои ќе се играат во формата „Фајнал 8″.

Клубовите го затворија договорот за трансфер на Вернер на 18 јуни, се согласија дека напаѓачот ќе ја заврши тековната сезона во Бундеслига, но не и ви Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави