Две фудбалерки загинале од гром откако се вратиле на теренот да ја земат топката

Две фудбалерки погинале, а три се сериозно повредени кога гром удрил на стадион за време на натпреавр во Мексико Сити, објавија локалниот дневник “El Juniverzal”.

Според овој медиум фудбалскиот натпреавр од женската лига во југоисточниот дел од градот бил прекинат поради силните врнежи од дожд. Иако натпреаврот бил прекинат поради невремето кое беснеело пет фудбалерки одлучиле да се вратат на теренот за да го земата фудбалот со кој играле, а во тој момент удрил гром во нивна близина и настрадале, пренесува агенцијата ТАСС.

Веднаш се префрлени во болница, но две од девојките починале како последица од ударот на громот. Останатите три се хоспитализирани со опекотини по кожата.

 

Треба да знаете
Последни објави