Search

Северна Кореја прв пат пријави сомнителен случај на Ковид-19

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун свика итен состанок на управните органи откако беше пријавен првиот официјален сомнителен случај на заразен со коронавирус во изолираната земја.

Централната новинска агенција KЦНА објави дека потенцијално заразеното лице нелегално влегло во Северна Кореја на 19 јули преку градот Каесонг и дека Јужна Кореја три години трага по него.

Пациентот бил прегледан од медицинска екипа и ставен во карантин заедно со сите со кои бил во контакт изминатиот период, објави KЦНА.

Централната воена комисија ќе спроведе истрага во единицата одговорна за нелегалниот влез на пациентот во земјата и „најстрого ќе ја казни“, објави новинската агенција.

Претходно Ким ја пофали државната администрација за успешното сузбивање на епидемијата во земјата која уште нема официјално пријавено заболен од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави