Search

Кекеновски: Мицкоски совршено одработи за СДСМ и ДУИ

Христијан Мицкоски, таканаречениот лидер на ДПСМНЕ веќе 10 ден молчи и се подлабоко се затскрива во партиското дувло, свесен дека по трет пат одработи за победа на СДССМ и ДУИ, напиша на „Фејсбук“ лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.

Како што додава тој, Мицкоски вака свесно молчел и млако одработувал и за легализација на Преспанскиот договор, за промената на Уставот и името на државата.

-Во моментот за него и за раководството на партијата најбитно е што тој останува лидер на партијата, a партиските кадри од највисокото раководство за кои се водат сериозни кривични постапки сега добија пратенички имунитет преку кој во иднина ќе бараат спас за сопствената кожичка“, констатира лидерот на партијата која е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, според кого ваквата ситуација е показател дека засега успешно е реализиран првиот дел од договорoт помеѓу Заев-Мицкоски и меѓународната заедница.

Според Кекеновски, за Мицкоски и неговите приврзаници важно е што помалите конкурентски партии и коалиции се свесно омаловажени и срозени во, како што вели, договор со Заев и со помош на партиските испоставеници и служители во ДИК и Управен суд.

„Но, затоа тука им е десната левица која набрзо ќе им го ‘изеде’ џигерот“, пишува тој и додава дека партиските пајташи засега (барем времено) се во одлична ситуација.

Треба да знаете
Последни објави