Search

Граѓаните одбраа европски пат, економија и правда, следува Влада која ќе испорача

Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност, се вели во рекацијата на владеачката СДСМ.
Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата.
Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати!
Треба да знаете
Последни објави